Балотели доби “само“ 3 натпревари казна

Објавено од Александар П. во Спорт
12 Април 2012

Напаѓачот на Манчестер Сити, Марио Балотели заработи казна од “само“ 3 натпревари, поради црвениот картон кој го заработи на средбата со Арсенал.

Тој беше избркан од игра нешто пред крајот на дуелот поради втор жолт картон а претходно направи исклучително груб прекршок во 20. минута над Алекс Сонг, но тоа остана не казнето од страна на судијата.

Имаше варијанти Балотели да извлече доста посурова казна, а според некои информации таа можеше да се движи и до 9 дуели. За негова среќа, ФА реши да не превземе толку сурова казна кон фудбалерот па го казни само за црвениот картон.

„Нема да бидат превземени никакви мерки за инцидентот во 20. минута помеѓу Балотели и СОнга. Кога стартот е забележан од барем едно официјално лице, нема основа да превземаме ретроспективни дејствија“.

„Таа можност постои само доколку ниту еден од судиите ниту делегатот не виделе што се случило. Како ретроспективно дејство се смета инциденти без топка“, објавија од ФА.